396
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази жалење за вооружениот инцидент кој се случи попладнево во Куманово, а во кој беше убиен нивен функционер, Командант Шчипоња, а двајца членови на ДУИ беа повредени.
ДУИ ги повика надлежните органи што е можно побрзо да го расветлат случајот и изрази сочувство до семејството на убиениот, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
Попладнево во Куманово се случи вооружена пресметка во која беше убиен Командант Шчипоња (Џемаил Реџепи), кој претендирал за позицијата претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.