Лилјана Спасоска ќе го менува Зврлевски до избор на нов јавен обвинител, Аневски останува во Советот како член

by fokus

Обвинителката Лилјана Спасевска е назначена за вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски, кого Собранието на 17 овој месец го разреши од должноста.

Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Спасевска ќе ја извршува должноста до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија.

Досегашниот претседател на Советот,Петар Аневски, непосредно пред изборот на Спасевска, поднесе оставка од функцијата. Навел дека одлуката за оставка ја донел од семејни причини. Аневски продолжува да биде член на Советот до завршување на неговиот мандат.

Поврзани новости