Прашањето за името на е на агендата на Коѕиас

by fokus

На средбата меѓу грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, и македонскиот државен врв, не се предвидени разговори за името, туку темите ќе се ограничат на состојбите во регионот и мерките за градење добрососедство. Средбите во Скопје ќе се искористат за „опипување на пулсот“, бидејќи грчката страна не е убедена дека во Македонија постои подготвеност за преговори, пишуваат грчките медиуми.

Коѕиас ќе биде во Македонија само еден ден, во четврток, иако посетата беше најавувана како дводневна. Ова е возвратна посета на Коѕиас по посетата на министерот Никола Димитров на Атина, веднаш по формирањето на новата Влада.

Според неофицијалните информации, Коѕиас во Скопје ќе има средба со министерот Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, а се најавуваат и средби со лидерите на партиите, без да се прецизира со кои.

Поврзани новости