435
Пратеничката Лиле Поповска во настапот во парламентот испрати остри критики до власта околу закажувањето на изборите за 24 април, но и порака до европските претставници да не го поддржуваат насилството на Груевски.
-Чудно е да се поддржува демонстрацијата на сила и тоа откако ЕУ вложи толку многу труд за мирна разврска на кризата. Почитувани претставници на ЕУ, чувствуваме како да сте дигнале раце од Македонија, како да сте дигнале раце од помошта на демократските сили и на позитивните промени во Македонија. Зошто? – запраша пратеничката Лилјана Поповска, во своето обраќање пред собраниската комисија за евроинтеграции