Лилјана Поповска и тим од ДОМ со претседателот Иванов ќе разговараат за климатските промени!

by Фокус

До редакцијата на „Фокус“ денеска пристигна соопштение од партијата ДОМ во кое беше содржана информацијата дека денеска, на 02.06.2014-та, тим од партијата предводен лично од претседателката, г-ѓа Лилјана Поповска ќе оствари средба со Претседателот на државата проф. д-р Ѓорге Иванов на која ќе се истакнат заложбите за климатските промени и нивното влијание.

На средбата ќе присуствуваат и партиските потпретседатели проф. д-р Денко Скаловски и проф. д-р Бети Дејанова, како и секретарот на партијата Стево Темелковски, кој воедно е и заменик министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.

Партијата ДОМ инаку, на јавноста ѝ е позната, меѓу другото и по нејзината борба за зачувување на животната средина, поради што сѐ повеќе граѓани ја препознаваат и како „зелената партија“.

За текот и заклучоците од средбата ќе следат дополнителни информации, кои штом ќе пристигнат до редакцијата на „Фокус“, веднаш ќе им бидат пренесени на читателите, кои веруваме дека, како и ние, со нетрпение ги очекуваат.

Поврзани новости