Лиле Поповска и ВМРО-ДПМНЕ ќе носат закон за зеленило

by Фокус

Соред коалициониот договор со ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ очекува законот за зеленило да биде усвоен во првите 3 месеци од новиот собраниски состав и новата Влада, изјави денеска Тони Ристов,  портпаролот на партијата на Лиле Поповска.

– Законот ќе ги регулира и условите под кои ќе биде дозволено сечење на градски дрвја. Дотогаш ДОМ бара воздржување од страна на сите општествени субјекти од уништување на зеленилото во градовите, како еден од најважните фактори за квалитетот на урбаното живеење – додаде Ристов.

ДОМ ги поддржа граѓанските протести против загадувањето на Скопје од Железарница и апелира до надлежните инспекторати да ја зајакнат контролата на квалитетот на воздухот и загадувањето кое доаѓа од Железара, особено во попладневните и ноќните часови, како и во деновите на викендот.

– Очекуваме итна поправка и редовно одржување на инструментите за мерење на нивото на загадување на воздухот на сите мерни станици, особено на онаа во Гази Баба, зашто се наоѓа на подрачјето директно изложено на загадувањето од Железара – изјави портпаролот на ДОМ

Поврзани новости