Гутиерез од Европската федерација на новинари: Груевски го поттикнува говорот на омраза

by Фокус 13:24
13:24

Поддржувачите на слободата на медиумите во Македонија се подложени на страшни закани со очигледно соучешништво на владата, изјавил вчера генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез на конференција на Советот на Европа во Истанбул, Турција.

– Премиерот Груевски кој е редовен гостин во шоуто на Миленко Неделковски не се двоуми да ја поттикне омразата кон независните новинари и критичките интелектуали – објаснил Гутиерез пред присутните.

- Advertisements -

Според него македонската Влада тивко ја поттикнува цензурата во печатот, го купува молкот на медиумите преку владините реклами и во исто време на поединци им дава одврзани раце да користат говор на омраза.

Поврзани новости