Ликвидиран лидерот на Исламска држава, Абу Сад Ерхаби

by fokus

Лидерот на Исламската држава во Авганистан, Абу Сад Ерхаби е убиен при напад врз џихадистичкото засолниште во провинцијата Нангархар, соопштија денеска авганистанските власти.

Во соопштението се наведува дека уште десет други џихадисти биле убиени во пешадиските и воздушните напади на авганистанските и странските сили.

Големи количества тешко и лесно оружје и муниција биле уништени за време на рацијата во две засолништа на Исламската држава.

Гувернерот на провинцијата изјави дека Ерхаби е четвртиот лидер на Исламската држава, кој е убиен во Авганистан од јули 2017 година.

Засолништето во Нангархар се наоѓа на источната граница на Авганистан со Пакистан и тука се сместени најекстремните членови на групата.

Инаку, групата е активна од 2015 година и се бори против талибанци, Авганистанци и американските сили.

Американската војска проценува дека во Авганистан се борат околу 2.000 борци на Исламската држава.

Поврзани новости