Лидерот на Сириза бара од властите во земјава да се вразумат и да помислат на иднината на народот

by Fokus

„Како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности за иднината на нејзиниот народ“.

Ова е ставот на претседателот на грчката опозициска партија Сириза – Стефанос Каселакис, по денешната инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова која во свечената изјава не изговори Република Северна Македонија, туку користеше само Македонија.

Каселакис на социјалните мрежи, упати низа прашања и критики до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во однос на неговиот став и противење за Договорот за Преспа од времето додека тој делуваше како опозиција во Грција.

„Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но ‘државата има континуитет и затоа треба да се почитува’. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја”, напиша Каселакис.

Претходно, реакција за говорот на Силјановска-Давкова пристигна и од грчкото МНР од каде беше соопштено дека со овој чин, таа го прекршила Договорот од Преспа и Уставот на земјата.

Поврзани новости