Лидерите на втора пауза, Ахмети вели дека се уште нема договор

by fokus

Партиските лидери излегоа на втора пауза на денешната средба во Клуб на пратеници. Тие по втор пат денеска ја напуштија преговарачката маса и се упатија во другите простории на координација.

За сега нема официјални информации од преговорите.

Единствено лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше расположен да им одговори на новинарите. Индиректно тој посочи дека се уште нема договор.

В.С.

Поврзани новости