Џафери лут на МРТ, ќе бара надомест на штета поради отсуство на претставник

by fokus 13:50
13:50

Поради немање претставник на денешната седница не беше разгледан Финасискиот план за измена на финасискиот план на МРТ за 2018 година и Годишниот извештај за работата на МРТ за 2017 година. Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека ќе побараат можност за надомест на штетата заради неможноста Собранието да работи и потребата да се отвораат нови трошоци на нова седница за да се разгледаат закажаните точки на дневниот ред за кои поканетите се должни да присуствуваат.

-Ние како Собрание треба да донесеме одлука дали ќе толерираме вакво однесување од страна на лица кои ние сме ги избрале. Не може да се прифати било какво оправдување, не може двајцата претставници кои треба да ја застапуваат МРТ да бидат отсутни. Освен тоа никој не испратил известување до Собранието, никој не се оправдал за своето отсуство, па ние дознаваме по други канали. Има и материјална штета на собранието со тоа што ќе треба повторно да се заседава за овие точки. За еден ден цел систем треба да се ативира да работи. Таа штета некој мора да ја сноси, одговорност за надомест на материјална штета мора да има, не може Собранието да не работи заради нивното неоправдано отсуство – рече Џафери.

- Advertisements -

Поврзани новости