Мицкоски се повлекол од измени во Кривичниот закон, Заев бара да ги повика граѓаните на референдум?

by fokus

Пред да ја направат втората пауза во Клубот на пратеници, лидерите на власта и опозицијата „кршеле копја“ околу референдумот и моделот на Влада кој би бил формиран пред следните параментарни избори.

Според неофицијални извори првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се повлекол од барањата на кои инсистирал претходните две средби, односно измени на Кривичниот закон, што беше протолкувано како индиректна амнестија за обвинетите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски овој чекор го оправдал со тврдењето дека погрешно бил разбран, односно дека не барал промена на законот со таа цел.

Преговорите се задржале на барањето на опозицијата за пржинска влада, 100 дена пред следните парламентарни избори. Мицкоски бара во оваа техничка влада да учествува и опозицијата, по моделот на пржинскиот договор, со цел да се гарантираат фер и демократски избори.

Неофицијално премиерот Заев за возврат бара опозицијата да ги повика граѓаните на референдум, односно да обезбеди гаранции дека ќе биде успешен.

Официјални информации од преговорите се уште нема. Лидерската средба почна утринава во 9.00 часот.

Поврзани новости