Лидерите договорија нова лидерска средба

by Фокус

Политичките лидери се договорија за нова лидерска средба на почетокот на следната недела, на која може да започнат посуштински разговори, а дотогаш ќе продолжат да одекнуваат опзоициските „бомби“, но не од партискотоо седиште, како досега, туку пред владата.

Ова е епилогот од денешната трета лидерска средба во овој формат во Клубот на пратеници, на која, како што веќе објавивме, Никола Груевски и Зоран Заев ги информирале Али Ахмети и Мендух Тачи за текот и содржината на разговорите во Стразбур пред неколку дена.

Груевски ги одбегна новинарите, но пред нив се обрати Илија Димовски, кој рече дека во интерес на преговорите ќе го почитува договорот да не се изнесуваат никакви детали.

Заев, пак, посочи оти доколку има волја од спротивната страна постојат брзи решенија кои би ја решиле кризата, би ја релаксирале атмосферата и би го подобриле стопанството.

– Нашите ставови остануваат исти, но досега не сме преговарале за нив, бидејќи не сме договориле рамка за преговарачки процес – рече Заев, додавајќи дека од утре ќе продолжат со објавувањето на „бомбите“ пред владата.

Луан Треси од ДПА истакна дека очекува на следната лидерска средба да започнат посуштински разговори.

 

Поврзани новости