Груевски и Заев ги брифираат ДУИ и ДПА за средбата во Стразбур

by Фокус

На денешната лидерска средба во Клубот на пратеници меѓу политичките лидери во земјава, во присуство на американскиот амбасадор Џемјс Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев ги информирале првите луѓе на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи за текот и содржината на нивниот десетчасовен разговор во Стразбур пред неколку дена со посредство на европарламентарците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Ова го велат партиски извори по првата пауза на денешната средба меѓу политичките лидери, која се уште е во тек. Од ДПМНЕ и од СДСМ се договориле да не изнесуваат детали за средбата во Стразбур

Поврзани новости