Лични карти ќе се издаваат и викендов онаму каде ќе има втор круг

by fokus 10:27
10:27

Одделенијата за управни работи ќе работат на 28-ми  и 29-ти Октомври поради одржувањето на вториот круг од локалните избори, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР ги известува граѓаните дека Одделенијата за управни работи ќе работат викендов со цел лична карта да им биде издадена на оние кои имаат потреба за да го остварат своето право на глас.

„Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно исклучиво во регионалните Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг на локалните избори за градоначалници на општините и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа. Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(28.10.2017 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на изборите (недела 29. 10. 2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот“, велат од Министерството.

- Advertisements -

Поврзани новости