Либан го забрани филмот „Барби“ поради промовирање хомосексуалност

by Fokus

Властите во Либан во средата го забранија филмот „Барби“ од кината, велејќи дека тој промовира хомосексуалност и ги нарушува вредностите на нацијата, јави Си-Ен-Ен.

Министерот за култура Мохамад Мортада го забрани филмот од кино салите откако го одложи датумот на неговото прикажување до крајот на август, велејќи дека тој е во спротивност со „моралните и верските вредности, како и со принципите на Либан“, објавија во средата државните медиуми.

Министерот рече дека филмот, исто така, „промовира сексуална девијација и транссексуалност“, од либанските државни медиуми во средата. „Сексуална девијација“ е термин кој најчесто се користи на Блискиот Исток, а се однесува на хомосексуалците.

Забраната доаѓа во време на засилена анти-ЛГБТК реторика на некои политичари и владини претставници во Либан и на поширокиот Блиски Исток.

Хасан Насрала, водачот на либанското шиитско исламистичко движење Хезболах, започна тирада против хомосексуалците кон крајот на јули за време на говорот по повод Ашура, кој го одбележува убиството на Хусаин бин Али, внукот на пророкот Мухамед, во седмиот век.

Тој ја нарече хомосексуалноста како „сексуална перверзија“ и ги идентификуваше истополовите односи како „закана“ за Либан.

Поврзани новости