(Видео) Први снимки од земјотресот во Турција, подоцна вечерва имало уште еден

by Fokus

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди источна Турција, соопшти веб-страницата ЕМСЦ.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е на десет километри од градот Малатија, кој исто така беше тешко погоден во земјотресот што во февруари годинава го погоди истокот на оваа земја и Сирија.

Од друга страна, според информациите на турскиот АФАД, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени, а се случил вечерва во 20 часот и 48 минути, на длабочина од 7 километри од земјата.

Малатја Селахатин Гуркан, градоначалникот на општина Малатја, во изјава за Си-Ен-Ен Турк, потврди дека земјотресот бил силен, а ноќеска оваа општина ја погодил уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени.

 

Поврзани новости