ЛГБТ заедницата денеска протестираа пред Јавното обвинителство, незадоволни што никој од надлежните институции веќе две години не реагира да ги откријат напаѓачите, каде што при еден од нападите беа загрозени и нивните животи. Тие се револтирани и од најновите измени во Уставот со кои се забрануваат истополовите бракови.
Според нив, владата ја поттикнува и одобрува дискриминацијата кон ЛГБТИ заедницата.
– Целта на овој протест денеска е да посочиме на потребата од обезбедување на ефикасен пристап до правда на сите граѓани на Република Македонија без оглед на нивните различности. Во вторникот Собранието почна да расправа во новиот пакет уставни измени помеѓу кои е и Амандманот XXXIII со кој се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена. Овој амандман само ги уцврствува веќе постоечките дискриминирачки закони во македонски правен систем – истакна Павле Богоевски од НХМТ.