Професорски пленум дo наставниците: Спротиставете се на притисоците, зборот „штрајкбрехер“ е едно од најсрамните именувања

by Фокус

Професорскиот пленум изразува цврста и недвосмислена поддршка на СОНК како организација и на секој негов член и членка, охрабрувајќи ги да го искористат своето уставно право на штрајк.

– Најостро го осудуваме секој облик на притисок, вклучувајќи ја и заканата „воведување замена.“ Тоа што ова решение е легализирано, не значи и дека е уставно и дека не ги крши работничките и синдикалните права. Ако смислата на штрајкот е престанок со работа како облик на притисок со цел да се подобрат сопствените работнички права, воведувањето замена претставува системски и државно спроведено поништување на ефектот на штрајк – се наведува во соопштението од Професорскиот пленум.

Тие ги охрабруваат наставниците и професорите да се спротистават на сите притисоци и да се охрабрат за своите права.

–  Зборот „штрајкбрехер“ е едно од најсрамните именувања. Не дозволувајте притисоците од директорите и општините да ве претворат во штрајбрехери. Храбро напред за сопствените права! Само со смелост и солидарност ќе успеете да ја подобрите сопствената состојба. Професорски пленум е со вас – се наведува во нивното сопштение.

Поврзани новости