ЛГБТ Центарот за поддршка денеска најави кривични пријави против фан-страниците на Фејсбук на Јанко Илковски и на Миленко Неделковски поради, како што велат од ЛГБТ заедницата, предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост, ширење на дискриминација, насилство и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.
Пријавите доаѓаат откако се случи нападот врз ЛГБТ заедницата за време на прославата во кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија, кога сред роденденската забава упаднаа дваесетина маскирани лица и го демолираа барот и повредија едно момче и една девојка.
ЛГБТ заедницата во Македонија смета дека ваквите профили се најчести извори на омраза и поттикнување на насилство по различни основи. Покрај фан-страниците на Илковски и на Неделковски ЛГБТ Центарот најави кривични и за уште неколку портали и фејсбук-корисници.