Македонската „Транспаренси“ останува полноправна членка на „Транспаренси интернешнл”

by Фокус

На последниот годишен состанок на „Транспаренси интернешнл” оддржан овој месец во Берлин „Транспаренси Интернешнл – Македонија“ се стекна со реакредитација за наредните три години и со тоа ги исполни сите критериуми да биде полноправна членка во глобалната коалиција за борба против корупцијата „Транспаренси интернешнл”.

На истиот состанок е избран и нов претседател на „Транспаренси интернешнл” Хозе Угаз од Перу и потпретседател Елена Панфилова од Русија.

Поврзани новости