Левица предлага експертска влада за фер избори

by Фокус

-За да се постават здрави основи потребно е сите министри да поднесат оставки, целата влада да се повлече и да биде избрана нова експертска влада, составена од личности колку што е можно понезависни од политичките партии. И со мандат да ги создаде сите услови за организирање фер и демократски избори. Сведоци сме на најновиот чин од политичката фарса во Македонија со поднесувањето оставки во Владата на РМ од страна на ДУИ. Можеби не е случајно што тоа се случи неколку часа пред 1 април, зашто веќе подолго време целата ситуација е гротескна, вели партијата Левица преку соопштение.

Во соопштението го изразуваат и своето несогласување со ставот на СДСМ околу оставките на ДУИ:

-Сегашната влада, дополнително делегитимирана со оставките на ДУИ, е техничка влада само во имагинацијата на СДСМ, која така ја нарекува само за да ги прикрие огромните отстапки што ги направи во Пржинскиот договор. Граѓаните што протестираа во мај минатата година бараа експертска влада, вели Левица.

Поврзани новости