Груевски: Местата на ДУИ во Владата се слободни и Ахмети може да ги пополни кога сака

by Фокус

ДУИ може во секое време да назначи нови министри на местата на тие кои се повлекоа од Владата, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

-Не е точно дека сме само ние во Владата, ние и СДСМ. Од она што го знам отворени се местата на ДУИ  и таа партија не е замината од власта и може да назначи нови кадри оти има право на замена на тие кои се повлекоа, изјави Груевски коментирајќи на новата ситуација во Владата. Министрите и замениците на Али Ахмети вчера ја напуштија Владата и нивното понатаможно однесување е во рацете на лидерот на партијата, односно нему му е оставена конечната одлука како да постапи партијата.

По нивниот потег експертите во јавноста анализираа неколку опции, едното дека со ова се бетонирани изборите за 5-ти јуни, датумот на кој Груевски би сакал да има избори, другото дека на повидок е можно ново парламентарно мнозинство за одложување на изборите и трето дека ДУИ се налутени од објавените приватни разговори, но и се преиспитува каде понатаму.

Да потсетиме дека ДУИ неколку пати повтори дека доколку надлежните институции не ги откријат виновниците за објавување на аудио снимките, ќе ја преземат работата во свои раце.

Поврзани новости