Левица: Панорамското тркало да се истркала во историјата

by fokus

Од партијата Левица најавуваат дека ќе се заложат против урбанизацијата на реката Вардар и за враќање на нејзиниот првичен и нормален изглед.

„Таканаречениот Проект „Скопје 2014“ доведе до полнење на џебовите на некои властодршци и игнорирање на главниот проблем во Македонија, осиромашувањето на нејзиниот народ, а покрај тоа и го огрди Скопје и беше фактор на влошување на меѓуетничките односи. Проектот продолжи да трае и по 2014 година, како основа за лукративни цедења на државниот буџет. Конечно тоа мора да запре!“, велат од партијата.

Последиците од лудото трошење државни пари, додаваат од таму, народот ќе ги трпи со години.

„А ќе требаат и години да се санира штетата што му е нанесена на Скопје. Но, со тоа мора да се почне веднаш! Иднината почнува сега! Левица е подготвена да биде промената, промената која очајно ѝ е потребна и на Скопје и на Македонија“, посочуваат од Левица.

Кандидат за градоначалник на оваа партија за Скопје е активистката Марија Џонс.

 

Поврзани новости