Ова е скандал од невиден размери, каде европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење. Скриената коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се докажува повторно, велат од Левица.
Додека премиерот Мицкоски секојдневно ги обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник, кој е на „црна листа“, Рамиз Мерко, велат од Левица. Во објавата на Фејсбук од Левица посочуваат дека новопоставената в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Ана Михајлов, пред една недела одобрила грант од „Еразмус+“ на „Меѓународниот универзитет Струга“.
„Ова е скандал од невиден размери, каде европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење. Скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, која совршено функционира во општините каде ДПМНЕ е власт, се докажува повторно. За Универзитетот на Рамиз Мерко има бројни скандали и истиот е познат дека единствено служи за принтање дипломи на функционерите на ДУИ, без да исполнува никакви критериуми за неговата спорна акредитација“, велат од Левица.