Левица денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и шефот на дипломатијата, Бујар Османи заради, како што велат, сценирање насилство.
Тие го прашуваат Спасовски дали дел од лицата кои вчера пукаа на плоштадот Скендербег се вработени во МВР.
-Иако и пред два дена имаше инциденти на оваа точка и министерот мораше соодветно да ја обезбеди локацијата, тој дозволи да биде загрозена безбедноста на илјадниците граѓани кои мирно маршираа. Дополнително, министерот Спасовски мора да одговори пред јавноста дали дел од лицата кои пукаа на демонстрантите се лица вработени во МВР? Сомнежите дека се работи за испланирано црно сценарио на власта ја потврдува и најавата на министерот Османи за етнички тензии, доколку не помине предлогот за бугаризација на Македонија. Поради сцените од прекумерна употреба на сила против цивилите, кои не беа дел од лицата со фантомки, Спасовски мораше уште пред два дена да поднесе оставка, велат од Левица.