МВР го пронајде и вториот пиштолџија од плоштадот Скендербег

by fokus

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје денеска во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје.

С.Р., како што информира МВР, беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот „Скендербег“ држел пиштол во раката, но не го употребил.

-Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти МВР. 

Според снимките и фотографиите од инцидентот, на плоштадот имаше најмалку четири лица со пиштоли.

Поврзани новости