Од партијата „Левица“ денеска реагираат на објавен текст дека тие побарувале пари од Медиа Принт Македонија и дообјаснуваат дека побарувањето е врз основа на тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и навреда поднесена во мај 2016 година.
„Тужбата беше поднесена од неколкумина наши членови и други левичари поради текст во авторство на Мирка Велиновска, објавен во месец април 2016 годинa во дневниот весник „Дневник“ под наслов „Нема правда нема мир – за да има пари“. Текстот содржеше повеќе клеветнички искази насочени кон истакнати членови на „Левица“, меѓудругото во тој текст нашите членови беа обвинети дека земаат странски пари за да ја рушат тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Судскиот процес трае повеќе од две години и ние бараме материјална оштета од авторката Мирка Велиновска, тогашниот уредник Дарко Јаневски и издавачот на „Дневник“ – Медиа Принт Македонија – се наведува во реакцијата од „Левица“.