Шекеринска: Правиме се и многу ризикуваме за да изнајдеме решение во спорот со името

by fokus

Среќни сме што претседателот на Франција Макрон ја поддржува Македонија за членство во НАТО, но точно е дека Франција има малку поразлична позиција во врска со проширувањето на ЕУ. Треба да се знае дека во случајот на Македонија не зборуваме за членство во ЕУ, туку за започнување на преговорите. Тоа е нешто различно.

Ова го вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во две 17-минутни интервјуа за Телевизијата „France 24“, што ги реализираше на француски и на англиски јазик

На прашањето околу спорот за името, министерката вели дека се работи напорно на изнаоѓање на решение.

– Работиме напорно, се надеваме дека ќе има решение, и тоа бара многу храброст и посветеност, но бара посветеност и од страна на ЕУ. Ние во Македонија правиме се, многу ризикуваме, но нашите граѓани очекуваат дека ова реално ќе ни ги отвори вратите. Не зборуваме за членство во ЕУ утре, зборуваме за почнување на преговорите, што е долг и тежок процес, нагласува Шекеринска.

На прашањето на новинарката од англофонската редакција Кетрин Николсон за шансите по Самитот во јуни Македонија да почне преговори со ЕУ, Шекеринска вели дека актуелната Влада се зафати со решавање на стратешките проблеми и очекува промените кои ги донесе да бидат соодветно да бидат верификувани и признаени од Унијата.

– Секогаш се сметаше дека Македонија има три различни стратешки проблеми – интеретничките односи, проблемот со Грција и проблемот со Бугарија кој траеше скоро деценија. Ова е првата влада која се зафати со решавање на трите проблеми во период од помалку од 12 месеци, и ако не ги цените и не ги поддржите овие промени, луѓето ќе помислат дека дури и кога има промени, нема реакција. Мислам дека ова ехо ќе биде многу важно за Балканот…. Европската Унија има можност да покаже почит кон своите клучни вредности и спротивно на бранот на национализам и популизам низ европскиот континент, да каже дека кога ќе се случи промена во мал дел од европскиот континент, како Балканот, таа промена може да се прошири и на други места, вели Шекеринска.

На прашањето од двете новинарки дека има сепак едно прашање кое ја спречува Македонија за членство, а тоа е илустрирано со пресудата за корупција на поранешниот премиер Груевски кој владееше со земјата 11 години и што може таа да промените по ова прашање кое се однесува на корупцијата, Шекеринска посочува дека за време на кризата креиравме нова институција која се занимава само со прашања на корупција, злоупотреба на моќта, но за високите ешалони.

– Долго време народот во Македонија мислеше дека највисоките политичари се недопирливи и тоа беше проблем на правната држава. Мислам дека истрагите, но и процесот кој е во тек покажаа дека никој не е над законот и тоа е порака и за нас како нова Влада. Почнавме и со реформи за зголемување на транспарентноста на институциите, на Владата. Зборувам за отворена влада, новинарите и медиумите имаат слободен пристап до информациите и тоа е еден вид на притисок врз владата и превенција од корупција, одговори Шекеринска во интервјуто за Франс24 и Радио Франс Интернационал.

Поврзани новости