Ленче Ристовска: Падот на довербата во СЈО е последица на повеќе околности

by fokus

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, во интервју за „Дојче веле“ вели дека повеќе околности се причина за падот на довербата кај граѓаните во СЈО. Ова е прво интервју на Ристоска по подолг период. Иако не е повеќе присутна во јавноста и достапна за медиумите како порано, сепак е понатаму реди успеси, како што е нејзиното назначување за прв обвинител за врски на Македонија во телото за судска соработка на ЕУ во областа на кривичното право Европравда (Eurojust).

-Лично сметам дека падот на довербата во СЈО е последица на повеќе околности од кои дел се поврзани со општествено политичките случувања во земјата, а се доведуваат во корелација со работењето на институциите на системот. Се надевам дека во периодот што следи СЈО ќе успее да ја врати довербата на граѓаните, бидејќи довербата на граѓаните во институциите е од суштинско значење за унапредување на состојбите во нашето општество – вели Ристоска.

Во врска со предложените законски решенија кои ќе ја одредат иднината на СЈО во рамки на Републичкото јавно обвинителство, Ристоска ја посочува потребата од механизам кој во иднина ќе ја контролира работата на СЈО.

-Според мое мислење, не е важно дали продолжувањето на мандатот на СЈО ќе биде регулирано со посебен закон или не. Она што сметам дека е значајно е СЈО да ја задржи автономноста и финансиската независност, бидејќи на таков начин се обезбедуваат неопходните услови за работа и се гарантира независноста во постапувањето. Исто така, се согласувам со ставовите на Јавниот обвинител на Република Македонија, дека треба да се изнајде соодветен механизам преку кој ќе се овозможи контрола на работата на СЈО – додава таа.

Поврзани новости