Ленче Ристоска за измените на КЗ: Мизерија!

by Fokus

Обвинителката Ленче Ристоска која беше застапник на обвинението во случајот „Таргет-Тврдина“ на социјалните мрежи го искажа својот став во врска со измените на Кривичниот законик.

„Во завршниот збор на Таргет-Тврдина кажав: `..простувањето е чин кој следи по покајанието, односно чин кој следи откако ќе биде преземена одговорност за сопствените дејствија и откако ќе се изрази каење за последиците. Затоа сметам дека сè додека владее неказнивоста и сè додека проштеваме без преземање одговорност, ние всушност поттикнуваме нови злоупотреби на системот`. Сега само ќе констатирам: мизерија..`Crime pays, she stays..`“ напиша Ристоска на Фејсбук.

Новиот Кривичен законик беше експресно донесен во Собранието, каде беа усвоени измените со кои се намалуваат затворските казни за најтешките форми на корупција.

„ЗА“ гласаа 48 пратеници, „против“ беа 36 од ВМРО-ДПМНЕ, додека еден гласаше воздржано.

Законот се донесе со европско знаменце, во забрзана постапка.

Поврзани новости