Откако медиумите објавија дека директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски е однесен во полициска станица на информативен разговор за мито, експресно реагираа од Лекарската комора.
– Лекарската комора на Македонија, како професионална асоцијација на докторите, потсетува дека за секој граѓанин важи правото на пресумпција на невиност се до завршувањето на некоја постапка. Со тоа не се бега од одговорноста, туку се бара почитување на правото и законските процедури. Од тие причини апелираме тоа право да се почитува и за случаите во кои се инволвирани и докторите затоа што во спротивно се крши едно од универзалните човекови права, содржано во голем број меѓународни документи и конвенции – се наведува во соопштението од оваа здравствена асоцијација.