Милошоски: Дедо Мраз да ја читаше програмата ќе имаше помалку ветувања

by Fokus

Антонио Милошоски од собраниската говорница тврди дека новата владина програма на Заев да ја читал Дедо Мраз ќе имало помалку ветувања.

– Кога ќе ги кажете проектите од оваа говорница звучи многу убаво. Според мене, новата влада ќе има три одлики селективна правда, меѓуетнички соживот и економија на кредит. Внатре има луѓе кои се аболицирани, луѓе кои се корумпирани. Имаме кандидат за премиер, кој е на судско рочиште за случајот „Поткуп“. Колку помалку остварени проекти ќе имате, толку ќе се остварува желбата за реваншизам – истакна Милошоски.

Според него, во 2006 година владата наследила 38 проценти невработеност, а денеска има 27 отсто.

– Сакаме да продолжи да се намалува невработеноста. Имаме мандатар кој поднесе кривична пријава против Бујар Османи, а сега тој истиот ќе биде министер во неговата влада – додаде Милошоски.

Поврзани новости