Светската музичка ѕвезда Лејди Гага ја „отвори душата“и откри една траума од младоста.
Мегапопуларната пејачка раскажа дека била силувана од продуцент кога имала само 19 години. Поради траумата со години не сакала да зборува за тоа. Во едно интервју таа открила дека по силувањето останала бремена.
– Кога имав 19 години доживеав нешто што не би го посакала никому – ја започна својата приказна Лејди Гага во емотивно интервју во премиерната епизода на шоуто „The Me You Can’t See“ со Опра и принцот Хари.
Лејди Гага забележала дека била вкочанета по нападот и го потиснала сеќавањето.
-Имав 19 години. Продуцентот само ми пријде и ми рече да се соблечам. Му реков „не“, а тој почна да се заканува. Ми кажа дека ќе ми ја уништи кариерата – рекла Гага и потоа се расплакала.
Пејачката и оскаровка не сакаше да го именува продуцентот, но предупредува дека музичката индустрија е опасно место за работа. Иако имала болки, не добила соодветна нега. Поконкретно, кога дошла во болница поради физичка болка, наместо на општ лекар била испратена на психијатар.