Лејди Гага ги купи костимите на Мајкл Џексон, за јакната плати 240.000 долари

by Fokus

Пејачката Лејди Гага на аукција во Лос Анџелес купи 55 костими што ги носеше починатиот „крал на попот“, Мајкл Џексон и ги воодушеви сите негови обожаватели ширум светот.

Костимите ќе бидат стручно зачувани во духот на љубовта кон легендарниот изведувач Мајкл Џексон, ќе го паметиме по неговата храброст и неговите обожаватели ширум светот, ги информираше Гага фановите на својот Твитер профил.

Од аукциската куќа Juliens, јакна што ја носеше Џексон за време на промотивната турнеја за албумот „Bad“ беше продадена за 240.000 долари, а ракавиците украсени со кристали за 100.000 долари.

Пејачката потроши огромна сума пари на костими и колекција.

– Бев импресионирана – рекла Гага која купила 55 парчиња, а особено и се допаднале кристалната јакна и ракавиците.

Костимите од колекциите на долгогодишните дизајнери на Џексон, Денис Томпкинс и Мајкл Буш, достигнаа вкупно над 5 милиони долари на аукција, а еден дел беше наменет за добротворни цели.

Поврзани новости