Во Црна Гора изборен молк, во недела граѓаните ќе бираат претседател

by Fokus

Од синоќа на полноќ изборен молк во пресрет на изборите за претседател на Црна Гора, кои ќе се одржат во недела.

На изборите ќе учествуваат лидерите на Демократската партија на социјалистите – Мило Ѓукановиќ, Андрија Мандиќ од Новата српска демократија, Алекса Бечиќ од демократите и Горан Даниловиќ од Обединета Црна Гора.

Меѓу кандидатите за претседател се еден од лидерите на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани. Најмногу гласачи има во Подгорица – 143.608, а најмалку во Шавник – 1.777.

Претседателските избори на 19 март ќе бидат четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој добил повеќе од половина од важечките гласови на гласачите кои гласале. Доколку ниту еден кандидат не го добие тој број гласови, втор круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, на 2 април.

Поврзани новости