Лефков до Ковачевски: Дали не треба веднаш да се отвори истрага за надзорот за изградба на коридорите 8 и 10Д од 22 милиони?

by Fokus

„Владата на Република Македонија поточно директно од министерството со кое што раководи Артан Груби, оној кој што се потпишува како прв вицепремиер се префрлани парични средства директно на неговиот брат Ветон Груби. Односно за какви политики на добро владеење ќе разговараме во Македонија, за каква борба против корупција кога видовме дека Јавниот обвинител не смее ни да се појави овде за да му ги поставиме овие прашања. А, од Јавни финансии, од изводите од Јавни финансии јасно се гледа текот на средства како од Владата завршуваат во фирмата „ЕТЦ Травел“, сопственост на братот на Артан Груби, или првиот вицепремиер“ истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на пратенички прашања.

Лефков ја праша вицепремиерката Грковска дали ги оправдува ваквите однесувања и дали смета со ова исполнети критериумите на членот 5 од Етичкиот кодекс за однесување на членови на Владата.

„Второто прашање беше директно до Јавниот обвинител затоа што сметам дека многу е сериозна корупцијата во тендерите за надзор за изградба на коридорите 8 и 10Д. Меѓутоа за жал целата македонска јавност виде дека над 22 милиони евра се сериозно, сериозно компромитирани од врските кои што се појавуваат помеѓу премиерот на Владата, господинот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби. Кога го нема Јавниот обвинител, ајде Вие директно премиере да ми ги одговорите овие прашања, дали сметате дека треба веднаш да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои што се тендерирани се менувани во сред постапка и за фирма загубар за да може да го добие тендерот“ праша Лефков.

Поврзани новости