Поразената на француските претседателски избори, Марин Ле Пен веднаш одржа говор при објавувањето на првите резултати од претседателските избори и говор во кој остро го удри победникот на изборите Емануел Макрон.
Ле Пен беше поразена од Макрон по втор пат, освојувајќи 41,8 отсто од гласовите во овој изборен циклус, наспроти Макрон кој освои 58,2 отсто од гласовите.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за нас во првиот и вториот круг. Особено оние во руралните средини и оние во странство. Тие се знак на Франција кој често се заборава и ние продолжуваме да се бориме за таа Франција. Воопшто немам чувство на срам или разочарување. Тие што сакаат да го видат исчезнувањето на нашата партија нема да го видат. Сакам да им порачам на Макрон и неговата партија дека ќе бидеме таму да ги браниме правата на граѓаните и да се спротивставиме на неговата пензиска реформа. Макрон ќе создаде нови поделби во нашата земја, сакам да работам на обединување на нашата земја и да продолжиме да работиме напорно на она што е поддржано низ годините“, рече Ле Пен.