879
Актуелниот француски претседател Еменуел Макрон и Марин Ле Пен од крајната десница влегуваат во вториот круг на француските претседателски избори, покажуваат првичните резултати од првиор круг на изборите.
Макрон добил 29,5 отсто од гласовите, Ле Пен 23,5 отсто, а левичарот Жан-Лук Меланшон 20,5 отсто од гласовите.
Околу 48,7 милиони регистрирани избирачи мораа да гласаат од 8 часот наутро до 19 или 20 часот кога избирачките места беа затворени.
Макрон се надева на втор мандат, а најголема конкурентка со која ќе се соочи на 24 април му е Марин Ле Пен.
Во првиот круг учествуваа 12 кандидати.