Забрана за работа за професорите осомничени за поткуп

by fokus

На барање на Основното јавно обвинителство, Кривичниот суд им изрече мерки за претпазливост, односно забрана за вршење на работни активности, на четворица од шесте лица поврзани во случајот „Еразмус”. Како што информираше судот, професорите нема да држат предавања додека има потреба, или најдолго до правосилноста на пресудата.

Инаку за случајот „Еразмус” , јавното обвинителство од јуни оваа година постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи – Единица за корупција, спроведуваше истражна постапка против шест лица, меѓу кои професори на Економскиот факултет при УКИМ, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс.

Осомничените биле следени две години со посебни истражни мерки, а дел од сведоците се и студенти.

Сите  се  товарат за злоупотреба на службена положба и овластување и кривичи дела примање и давање поткуп.

Поврзани новости