ЛДП: Заразната туларемија се шири, здравствените власти не преземаат ништо

by Фокус

Maкедонија е под закана од епидемија на туларемија, а Министерството за здравство веќе три месеци е нем сведок на заразата, којашто ја шират глувците, алармираат ЛДП. Тие, по втор пат јавно го повикуваат ресорното министерство да преземе итни мерки и активности против опасната туларемија.

– Штипскиот и велешкиот регион бројат десеттина заразени, и кој знае уште колку случаи кои чекаат потврда, а надлежните институции се уште немаат одговор каква вода пијат жителите на овие краишта, дали се хлорира и што ја предизвикала наездата на глодарите. Македонските граѓани, за жал, досега не видоа ништо друго, освен препораки до населението за поголема претпазливост. Епидемиолозите излегуваат на терен и влегуваат во домовите на заразените откако луѓето ќе заболат. Па нели е тоа предоцна? Затоа ЛДП апелира Министерството за здравство во координација со Општините и градот Скопје да извршат дератизација и дезинфекција во ризичните подрачја, но, и во сите други рурални и урбани средини кои страдаат од поплавите – бараат ЛДП.

 

Поврзани новости