Ангелов не и верува на МТВ дека обвинителството забранува емитување на снимките на Заев

by Фокус 12:25
12:25

Стојанчо Ангелов не му верува на уредникот на МТВ, Горан Петревски, дека Јавното обвинителство забранува емитување на снимките на Зоран Заев. Соопштението на кое се повикува МТВ од трети февруари не е прецизно и не може да се однесува на аудио- материјалите затоа што се однесуваше на видео снимките објавени од кабинетот на Груевски како тој зборува со Заев. Тогаш обвинителството забрани емитување на снимки кои може да бидат предмет на кривично дело, а МТВ си го толкува таквото соопштение дека се однесува и на снимките од скандалот со прислушувањето.

Затоа што таквото оправдување му отвори сомнеж на Ангелов тој денеска ќе поднесе до Јавното обвинителство барање на кое ќе инсистира да му одговорат неколку работи.

- Advertisements -

1)Барање за средба со нелегитимниот Јавен Обвинител на која ќе го предупредиме дека со непреземањето на дејствија против сторители на тешки кривични дела од областа на организираниот криминал (претседателот на Владата, министри во владата и други високи функционери) може да сноси кривична одговорност за Злоупотреба на службената положба и овластувања, дело за кое се заканува повеќегодишна затворска казна. Воедно ќе го повториме нашето барање веднаш да си даде оставка;

2)Барање да не известат дали навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, бидејки на официјалната интернет страна на ЈО нема таква Одлука. Постои само соопштение од 03.02.2015 година кое е целосно нејасно и нелегитимно бидејки во самото соопштение не постои образложение врз основа на која Одлука на ЈО се заснива самото соопштение;

3)Доколку навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, врз основа на кој член, од кој закон, е заснована таквата одлука?

4)Дали, доколку навистина постои таква одлука, ЈО презело мерки против медиумите кои не ја почитуваат одлуката и доколку не презело, зошто не презело (ТВ Алсат, ТВ 24 вести, ТВ Телма и многу други медиуми во нивните инфортмативни емисии во повеќе наврати објавуваа делови од разговорите кои ги објавува опозицијата)?

5)Доколку навистина постои, бараме итноповлекување на спорната Одлука на ЈО, бидејки е во спротивноsт со пресудите на Европскиот суд за човекови права Observer and Guardian против Обединетото Кралство од 1991 година и Vereniging Weekblad Bluf против Холандија од 1991 година, со кои се постави принципот дека, откако ќе се дадат во јавноста, информациите за националната безбедност не може да се забрануваат или авторите да се казнуваат за нивното испраќање, а токму разговорите кои се предмет на можна забрана (доколку навистина постои ваква Одлука) од повеќе домашни но и странски медиуми се повеќекратно објавени.

За вечерва во 19, Ангелов одново закажа протест пред МТВ се со цел да ги натера да ги објавуваат аудио снимките од пресовите на СДСМ затоа што тоа е јавен интерес за кој мора да се заложи државната телевизија која опстојува со пари од граѓаните.

 

Поврзани новости