Средношколски марш во Скопје во четврток

by Фокус 11:27
11:27

Средношколски маршеви ќе се одржат неделава во поголем број градови низ земјата, а во четврток во 12 часот и во Скопје. Скопскиот марш ќе тргне од Градски парк – фонтана и ќе се движи кон Министерството за образование.

Учениците повикуваат да се соберат во што поголем број, со цел да се искаже нивниот револт кон лошите реформи.

- Advertisements -

„Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам! Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации! Затоа дојдете и придружете се!“, повикуваат организаторите.

Тие истакнаа и кодекс на однесување за време на маршот. Забрането е и стакнување партиски, религиозни и етнички симболи, секаков вид вандализам, палење учебници и сл., уништување на јавен имот, пропагирање на вертикална структура, насилство и говор на омраза, користење алкохол и опојни дроги, оружје и пиротехника.

Засега закажани се маршеви во Скопје, Тетово, Струга, Струмица, Кочани и Ресен. Но се очекува нивниот број да се зголеми за што дополнително ќе известат од Пленумот.

Поврзани новости