ЛДП: Во нормална земја ќе фрчеа оставки поради листеријата!

by Фокус

Во нормални земји, каде човечкиот живот навистина е неприкосновен, по првите случаи со смртни последици, функционерите на релевантните институции, па дури и премиери, поднесуваат неотповикливи оставки од морални причини, се вели во денешното соопштение на Либерал демократската партија посветено на аферата со бактеријата листерија.

„Овде, тоа одамна, не само што не е случај, туку, животот и здравјето на граѓаните станува статистика и колатерална штета на нестручното, непрофесионалното и неодговорното однесување на институциите и на функционерите што ги раководат. По речиси едномесечна, гротескна рашомонијада помеѓу најрелевантните државни институции, министерот за здравство вчера јавно потврди дека го откриле изворот на листеријата, од која досега веќе има заболени и починати лица во земјата, при тоа директно посочувајќи ја компанијата „Екстра Меин“ како „виновник“. Тоа што го откриле изворот не гарантира дека состојбата со листеријата во Македонија е целосно под контрола“, се вели во соопштението.

Поврзани новости