Буралиева очекува бојкот и од градоначалниците и од советниците на СДСМ

by Фокус

Пратеничката Љубица Буралиева за „Фокус“ вели дека од медиумите дознала оти денеска СДСМ одлучува за нејзиното членство.

– Мислам дека ќе беше коректно да ме повикаа во партија и да си размениме мислење и став (без страв). Моето (или нашето) исклучување е најмал проблем во однос на проблемите што ја има оваа држава и граѓаните во неа со власта и режимот на Груевски. И јас од таа борба не се исклучувам. Сознанието дека сте фигура за шах партија со однапред осмислен исход, ми ја олеснува мачнината и товарот на виновник за подолгиот пат до промените – вели Буралиева.

Таа прашува што ќе се случи по нејзиното исклучување.

– Очекувам вистински бојкот, широк фронт на оние што искрено ќе бијкотираат секаде каде што партиципира СДСМ (градоначалници, советници, директори, професори, академици). Е тоа е она што го баравме, барав политичка чесност, став без страв. Тогаш, како народен пратеник со име и презиме и партиски амблем на чело ќе се заблагодарам преку собраниската говорница на оние што ја заокружија листата на која се најдов, и ќе се најдам во првите редови со овој дебело загрозен чесен човек од мојата, твојата, од нашата улица – вели пратеничката.

Поврзани новости