472
Наместо ветениот подобар живот, два месеци по изборите власта ги зголемува трошоците на граѓаните, и тоа време на тензии, протести, трагедии, реагираат од опозицискиот ЛДП, откако по патарините владата ја зголеми и цената за регистрација на возилата, а претходно поскапе струјата, бензинот и цигарите.
„И сето ова владата ни го „спакува“ кога Македонија тагува за 4-та трагичнозагинати граѓани на РМ, врвни професионалци, и кога сите стравуваат од ескалација и несакани последици од протестите“, се наведува во соопштението на ЛДП.