НСДП: Груевски призна дека ќе загуби на фер избори!

by Фокус

Изјавата на премиерот Никола Груевски дека не прифаќа формирање на техничка влада и по цена Македонија да ја изгуби препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија значи признание дека ВМРО ДПМНЕ не може да победи на ниту едни избори организирани на фер и демократски начин, сметаат од опозицискиот НСДП.

„Без злоупотреба на полицијата, буџетските средства и останатите државни ресурси, ВМРО-ДПМНЕ не можат да победат на ниту едни избори. Можеме само да претпоставиме колку криминал, злоупотреби, насилие, уцени, закани и поткупувања се случуваат во текот на неколку изборни циклуси наназад, кога премиерот е спремен е да ја стави на коцка позитивната препорака од ЕУ. Мотивите можеби се кријат во стравот од губењето на власта и кривичната одговорност за нивното криминалното владеење во изминатиот период, особено за осетливиот предмет Македонска банка и евентуалните 1,5 милиони евра провизија“, соопштија од оваа партија.

Поврзани новости