Обвинителството ќе ја води комисијата за истрага на хелихоптерската несреќа

by Фокус

Јавното обвинителство ќе ја предводи комисијата со експерти со различни профили, која ќе ги истражува причините за хелихоптерската несреќа, во чии рамки животот го загубија четворица припадници на Министерството за внатрешни работи, потврдуваат од полицијата.

Формирањето на ваква комисија го најави вчера на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која притоа изјави дека хелихоптерот, што трагичната ноќ летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, бил редовно сервисиран, а во текот на летот политите не се пожалиле на проблеми.

При увидот на лице место, пронајдени се двете црни кутии и уредот за покажување правецот на летот, кои ќе бидат подложени на понатамошна експертиза и вештачење, додека согласно меѓународните воздухопловни процедури, известени се земјата на производство и конструкциското биро.

Поврзани новости