161
Според Либерално Демократската партија, победата на новиот унгарски премиерот Петер Маѓар над, како што велат, десничарскиот популизам е исто така голема победа за ЕУ и нејзината иднина.
За таборот на Моника Зајкова, ова е добра вест за Македонија, која сака европска иднина без неправда, корупција и политичка злоупотреба. Системот што го изгради Орбан беше спротивен на аспирациите на огромното мнозинство македонски граѓани.
„Само пообединета и поефикасна ЕУ ќе може да одговори на исклучително сериозните предизвици на времето што претстои. Ја гледаме нашата заедничка иднина во интегрирана Европа, просперитетна, праведна, богата и со еднакви можности“, порачаа од опозициската партија.