185
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, постави низа прашања за иднината на поранешниот премиер Никола Груевски, по политичките промени во Унгарија и најавите од новата власт во Будимпешта.
„Сега се поставува што ќе прави Никола Груевски, кога нема повеќе заштитник во Будимпешта? Години наназад уживаше гостопримство. Ќе бега ли во Русија или друго место или ќе се врати да ја отслужи казната?“, изјави Филипче.
Тој ја поздрави пораката од новата унгарска власт дека државата нема да биде засолниште за лица кои бегаат од правдата, алудирајќи на најавите на Петер Маѓар.